Најпрвин треба да ја посетите
страната http://edmodo.com/.
На
почетниот екран кој ќе биде сличен со следнава слика ќе изберете
Sign Up à I’m a student
На следниот екран ќе добиете форма која треба да ја
пополните на следниов начин
Наредниот
екран кој ќе го добиете е следниов. Тука можете да оставите телефонски број или
email од
вашиот родител или пак едноставно кликнете на опцијата SKIP
Откако се најавивте ќе го добиете почетниот екран на
вашиот акаунт и тука ќе можете да ги гледате сите постови кои се објавени од
наставникот.
Доколку постот бара од
вас да одговорите на некакви прашања или пак да изработите некоја задача
тогаш ќе одите на копчето OPEN и ќе продолжите со активноста.
Наредниот екран ви дава можност
да направите онлајн одговарање на поставените барања користејќи (MS Word, PowerPoint I Excel)
Или пак доколку задачите ги
работите во друг софтвер или ги пишувате на лист хартија ( нормално мора да ги
фотографирате за да ги прикачите) можете да ги прикачите користејќи ја опцијата
ATTACH
Доколку изберете да работите онлајн ( на пример во Word) ќе го добиете следниов екран и потребно вашите одговори да ги напишете тука. Околината во која ќе работите веќе ви е добро позната, но запомнете не го барајте копчето SAVE затоа што зачувувањето се врши автоматски. Откако ќе завршите со пишувањето само затворете го јазичето во кое работевте.
и ќе добиете екран како на следнава слика
Изберете ја опцијата TURN IN ASSIGNMENT за да го пратите домашното.
За почеток мислам дека е доволно,
за сите наредни прашања ќе може да ме контактирате преку вашиот штотуку креиран
акаунт