Алгоритмите треба да се недвомислени, јасни, прецизни - секоја операција треба да е јасно опреде- лена, треба прецизно да е утврден редоследот на извршувањето на операциите и треба да е разбир- лив за секого, независно кој го напишал. За даден проб- лем може да се напишат различни алгоритми и сите
тие да бидат правилни, т.е. да даваат точно решение
Претставуање на алгоритми
Алгоритамот може да се прикаже на два начини: текстуално (природен јазик, псевдојазик- јазик сличен на природниот, со попрецизна синтакса и семантика) и графички
Графичкото претставување дава поголемата прегледност на текот на дејствата во алгоритамот. Графичкото преставување е непогодно за поголем алгоритам кој може да зафати повеќе страници, во кои тешко би се снаоѓале.