среда, 17 септември 2008 г.

Фази на Проект

Основни елементи и фази на проект

Што е проект?

Проект претставува извесно прашање или проблем на кои ученикот или истражувачот можат да одговорат со помош на стратегии за решавање проблеми и користејќи различни ресурси.

Чекор 1

Дефинирање тема за проект

Ученикот избира тема на која би сакал да работи за време на проектот.

Треба да се внимава дали темата има јасна цел, дали може да се истражи и дали може да се сработи во предвидената временска рамка.

Чекор 2

Развивање на план за изработка на проектот

Поделба на задачите во групата.

Какви информации ни се потребни?

Колку информации ни се неопходни?

Каде можат да се најдат информациите?

(пример: интернет, книги, списанија и друго.)

Колку време е потребно да се направи проектот?

Чекор 3

Собирање на податоци

Наоѓање на текстови, слики, видео записи, аудио записи и други потребни материјали во електронска форма за изработка на проектот. Нивно зачувување во папки.

Чекор 4

Сортирање и анализирање на податоците

Во оваа фаза од проектот треба внимателно да се прегледаат податоците што се собрани во претходната фаза. Се врши анализа (проценување) на собраните податоци за да се оддели она што е важно од она што е неважно. Потоа мора систематски да ги организираме важните податоци ( по папки) за да ни бидат од корист при изготвување на проектот.

Чекор 5

Синтетизирање на податоците

(изработка на проект)

Во оваа фаза започнува изработката на конкретниот проект со употреба на претходно собраните податоци и нивно поврзување во рамките на проектот.

Чекор 6

Вреднување на проектот

Во оваа фаза се врши вреднување на изработената задача (проект). Првин учениците сами си го вреднуваат трудот, а потоа се врши општа дискусија за тоа дали проектот целосно ја опфаќа темата, дали има доволно податоци и дали се искористени стекнатите знаења од наставната тема во чии рамки се изработува проектот.

Чекор 7

Презентирање на проектот

Во оваа фаза секој ученик врши презентација на својот проект, со помош на видео бим или пак на својот компјутер.


понеделник, 15 септември 2008 г.

Веб-дневници (BLOG)

ШТО Е БЛОГ

На интернетот, блог (скратено од web-log што значи веб-дневник) е веб страна која се ажурира секојдневно или доста често со лично и некомерцијално потекло која користи формат на личен дневник со нови информации во врска со одредена тема или низа од теми, и е наменета за читање од страна на широката јавност. Информацијата може да ја напише сопственикот на веб страната, да се преземе од други веб страни или други извори, или да ја понудат корисниците. Како форма и содржина, блогот се чини популарен бидејќи посетителот знае дека нешто се менува секој ден, постои лична (а не комерцијална) гледна точка и, на некои страни, постои можност да се соработува или одговори на веб страната и нејзините учесници.

Веблогот често има квалитет на "дневник од нашето време" од одредена гледна точка. Генерално, веблоговите се посветени на една или неколку теми за дискусија или прашања, најчесто од тематски интерес и, генерално можат да се сфатат како индивидуални или колективни коментари за нивните одредени теми во развој. Веблогот може да содржи запшпани идеи на некоја личност (како дневник) или да биде место за соработка отворена за сите. Најмногуте веблогови од вториот тип се насочени дискусии. Бидејќи постојат голем број варијации на оваа идеја и нови варијации можат лесно да се измислат, значењето на овој термин може да добие дополнителни конотации со време.


Веблог е името на софтверскиот продукт од Јужна Кореја кој го анализира пристапот до некоја веб страна (дневник на пристап) и го враќа бројот на посетители, прегледи, посети, најчесто посетени страни итн.

Најважните карактеристики на блогот се неговата форма на дневник, типичиите секојдневни записи и неформалниот стил, како и фактот што го враќа бројот на посетители, прегледи, посети, најчесто посетени страни итн.

Авторот на еден блог често се вика блогер.

Секоја личност може да има една или повеќе сметки на еден блог сервер, (во понатамошниот текст сопственик (user)).

При креирање на еден блог, доколку личноста што го креира блогот нема сметка на тој блог сервер, претходно мора да отвори блог сметка (blog account), a доколку има, може да отвори нов блог на било која од постоечките сметкi.

На секоја блог сметка, секој сопственик може да креира повеќе блогови (blogs). Ha секој блог, сопственикот може да објави повеќе теми за дискусија (posts).

Ha секоја тема за дискусија, може да се оставаат коментари (comments) од различни групи на корисници, на пример: членови на група, регистрирани корисници на сметки на тој блог сервер, или било кој друг посетител на таа веб локација, a ce зависно од подесувањата на сопственикот на блогот.

На следната слика графички се прикажани врските помеѓу елементите споменати претходно.

Секоја личност на еден блог сервер може да има:

ПРЕЗЕМЕНО ОД : „Прирачник за корисници за иновативно користење на ИКТ во наставата во основните училишта“ USAID Август 2006






enciklopedia



hi5.com

blogot na ana aleksovska

Монитор

Монитор

Од Википедија, слободна енциклопедија


Монитор или дисплеј е уред кој визуелно ги прикажува сликите кои ги генерира графичката картичка или друг уред со излезна видео порта. Ерата на мониторите покрај постојаните усовршувања воглавно ја означуваат две технологии и тоа првата и постара метода а тоа е со катодна цевка. Таа технологија се одликува со екрани кои зафаќаат поголема површина и имаат заоблен екран. Втората и најнова технологија е монитори кои се прилично слаби и со рамен екран и користат технологија на течен кристал.



Димензии и облик на екранот

Големината на мониторот обично се изразува со должината на дијагоналата на неговиот екран. Меѓутоа проблемот на ова изразување е што не знаеме дали екранот е во квадратна форма или има некоја правоаголна форма односно има широк екран(widescreen). Во последно време покрај должината на дијагоналата е даден и односот на страните доколку тој е правоаголен(на пр. 4:3 или 16:9). Понова практика се мониторите со широк екран поради нивната погодност за гледање филмови и други видео содржини.

Технологии на прикажување на сликата

Екрани со течни кристали (LCD)







Изглед на LCD монитор

Обичните LCD Монитори своевремено беа еден од најдобрите пронајдоци на ова поле, меѓутоа во денешно време најчесто се користи нивната подобрена верзија - TFT Мониторите, поради подобрениот контраст, побрзото реагирање на промени и отстранување на некои дефекти кои се јавуваа кај старите LCD Монитори.



Екрани со тенок транзистор на база на течни кристали (TFT)

Овие екрани кои се базираат на течни кристали користат и тенок транзистор даваат многу подобра слика од обичните LCD монитори и затоа го зазедоа нивното место во масовното производство


Екрани на катодна цевка

Изглед на монитор со катодна цевка


Мониторите на база на катодна цевка се една од најстарите технологии за монитори. Како што и самото име што кажува се состојат од една цевка која на крајот се проширува и завршува со екран кој е обложен со фосфорен материјал. На тесниот крај од цевката се состои електронски пиштол кој испукува сноп од негативно нелектризирани електрони, кој потоа се насочува кон екранот кој е составен од неколку илјади точки(пиксели) и како што рековме тие се обложени со флуоресцентен материјал. Па во зависност од тоа кои точки се погодени тие светат и се добива сликата.

Да напоменеме дека брзината на добивање на слики за овие монитори е од 50 до 100 слики во секунда. Проблемот кај овие монитори се јавува што ги заморува очите па затоа е потребно висока брзина на освежување на сликата поголема од 72Hz(слики во секунда).

Плазма екрани

Плазма мониторите користат технологија со рамен екран, и во денешно време најчесто се користат при правењето на големи телевизори. Принципот на работа се состои во тоа што меѓу две стакла е заробена смеса од два благородни гасови кои што се возбудуваат и создаваат плазмa која потоа го возбудува фосфорниот материјал со кој е обожен екранот да емитира светлина.