недела, 5 април 2020 г.

Упатство како да се придружите на клас доколку веќе имате акаунт на edmodo.com

Првин најавете се со своите податоци на edmodo.com. На почетниот екран кликнете на опцијата како што ви е прикажано на долната слика.
Откако ќе изберете JOIN  A  CLASS следете го упатството од наредната слика, во кое ќе мора да го внесете кодот од класот на кој му се придружувате.
На следнава слика ви е прикажано како да изберете во кој клас ќе работите во даден момент


вторник, 31 март 2020 г.

Кратко упатство за употреба на Edmodo



Најпрвин треба да ја посетите страната http://edmodo.com/.

На почетниот екран кој ќе биде сличен со следнава слика ќе изберете   
Sign Up à   I’m a student  


На следниот екран ќе добиете форма која треба да ја пополните на следниов начин


  

Наредниот екран кој ќе го добиете е следниов. Тука можете да оставите телефонски број или email од вашиот родител или пак едноставно кликнете на опцијата SKIP



























Откако се најавивте ќе го добиете почетниот екран на вашиот акаунт и тука ќе можете да ги гледате сите постови кои се објавени од наставникот.
Доколку постот бара од  вас да одговорите на некакви прашања или пак да изработите некоја задача тогаш ќе одите на копчето OPEN и ќе продолжите со активноста.





  
Наредниот екран ви дава можност да направите онлајн одговарање на поставените барања користејќи (MS Word, PowerPoint I Excel)






Или пак доколку задачите ги работите во друг софтвер или ги пишувате на лист хартија ( нормално мора да ги фотографирате за да ги прикачите) можете да ги прикачите користејќи ја опцијата ATTACH






Доколку изберете да работите онлајн ( на пример во Word) ќе го добиете следниов екран и потребно вашите одговори да ги напишете тука. Околината во која ќе работите веќе ви е добро позната, но запомнете не го барајте копчето SAVE затоа што зачувувањето се врши автоматски. Откако ќе завршите со пишувањето само затворете го јазичето во кое работевте.




и ќе добиете екран како на следнава слика



Изберете ја опцијата TURN IN ASSIGNMENT за да го пратите домашното.



 За почеток мислам дека е доволно, за сите наредни прашања ќе може да ме контактирате преку вашиот штотуку креиран акаунт

среда, 27 ноември 2019 г.

Решавање на натпреварувачки логички задачи


Куќа за птици
Дабарицата Мама сака да купи куќа за птици како подарок за роденденот на нејзината
ќерка. Таа ја прашала ќерка си каков тип на куќа за птици би сакала таа. Ќерката
одговорила: „Сакам куќа за птици со два прозорци и срце“.

Мама отишла во продавницата за миленици и одбрала совршена куќа за птици.


Која е куќата за птици која што дабарицата Мама ја купила за нејзината ќерка?

Понудени одговори

А) Куќа 1
Б) Куќа 2
В) Куќа 3
Г) Куќа 4



Паркинг
На еден паркинг за возила има 12 паркинг места. Секое место е обележано со број. На
сликата е прикажано кои места се користат во понеделник (лева страна на екранот), а
кои во вторник (десна страна).



Колку од паркинг местата се слободни и во понеделник и во вторник?

Понудени одговори

А) 3
Б) 4
В) 5
Г) 6



Нинџа
Еден дабар сака да стане нинџа, па затоа сака да си смисли свое нинџа име.


Какво е вистинското име на дабарот, ако неговото нинџа име е "zukame moru"?

Понудени одговори

А) JURICA
Б) JANI
В) JOSIP
Г) JAKOV

Базен
Времето надвор е топло, па Ангела (која има 12 години) сака да го посети локалниот
базен и да го земе нејзиниот помал брат Филип (кој има 6 години) со неа.



Кога стигнале до базенот, Ангела прочитала на еден знак дека во базенот можат да
влезат само лица постари од 8 години, како и помлади лица кои ќе дојдат заедно со
некој кој е постар од 10 години.

Кој смее да влезе во базенот?

Понудени одговори

А) Ангела и Филип             Б) Само Ангела
В) Само Филип                 Г) Ниту еден од двајцата
Сладолед

Во продавницата за сладоледи "Др. Дабар", топките сладолед (од јагода, чоколадо
или ванила) се ставаат на корнетот една по друга, во истиот редослед по кој се
побарани.

Што треба да каже еден дабар, за да го добие сладоледот прикажан на сликата?
Одберете една од четирите понудени опции.



Понудени одговори

А) ванила, чоколадо и јагода!
Б) чоколадо, ванила и јагода!
В) ванила, јагода и чоколадо!
Г) јагода, ванила и чоколадо!







задачите се преземени од интернационалниот натпревар ДАБАР 2017 и ДАБАР 2019

среда, 25 април 2018 г.

четврток, 30 ноември 2017 г.

test

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeQPxB4UGpWcxw-WBf-pbQCaZdCG4KR5Lvy5ctZ6h1IX5p4qA/viewform?usp=sf_link

петок, 4 ноември 2016 г.

Упатство за соопштение

Преземено од прирачник по информатика


ТАБЕЛА


ДИЈАГРАМ


Дијаграм 2